Со Петковден започнуваaт домашните-куќните,а се слави се до Св.Атанас (31 јануари). „Славата“ покрај тоа што се слави куќата- домот и семејството, „слава“ слават и градови (градска слава), села (селска слава),институции, еснафи и т.н., кои „земаат“ одреден светител за свој закрилник и молитвен застапник.
Треба секогаш, но барем тогаш да се сеќаваме на светителот, којшто е наш семеен и домашен заштитник, покровител и застапник пред Бога. Тој е наш посредник до Бога
Македонците не ја нарушија оваа традиција ниту во турското ропство, ниту во многубројните војни и неволји.
Најчесто домашните слави се пренесуваат од генерација на генерација.
Славата е заштитник на домашното огниште и помошник во секоја работа, голем Божји благослов и заштитник на сите членови на домаќинството, особено на децата. Затоа на сите млади кои основаат свои семејства им се советува да ја земат славата од својот татко или да си изберат свој светец кој ќе биде значаен заштитник на новото семејство.
Празнувањето е пред се духовен настан – најважно е сечењето на колачот-лебчето, а се останато е прашање на волја и способност.
На славата масата се ставаат четири работи: запалена восочна свеќа, лебче-колач, жито и вино..
Според верските правила(закони) најголем грев е кога славата за време на големи пости се слави како мрсна слава. Затоа, свештениците велат, подобро не славете , отколку да славите со мрсна трпеза, а истата е посна.Славата се слави во сопствените домови-куќи!