* 9 ноември 1944.- Ослободен е Велес, Осмата македонска велешка бригада пристигнала на територијата на Велес, поточно во с. Горно Оризари. Во 4 часот наутро на 9 ноември ги запоседнале борбените позиции за напад и ослободување на Велес.Борбите за ослободувањето на Велес се водеа до 4 попладне. Токму тогаш се слушна силна детонација, и се крена голем прав облак и чад. Сите три моста во тој момент, Железен, Мало мовче и Стар мост беа кренати во воздух. Германците, откако ги кренаа мостовите, од кај штипско џаде, се упатија кон Башино село и Скопје. Откако се слегна прашината, градот беше слободен а двата негови дела раздвоени – сеќавање на сведок, тогаш 11 годишно дете како бил ослободен Велес 9-ти ноември 1944-та.
На прославата по тој повод говор држи велешанецот Панко Брашнар.
Другите на сцената од десно на лево: Страхил Гигов, Методија Андонов-Ченто, (позади) Богоја Фотев, (десно од П. Брашнар) Крсто Ѓермов-Шаќир (војвода од илинденскиот период)
Слика 2:
Велешани со воодушевен пречек на својот сограѓанин 60-годишниот македонски партизан Панко Брашнар


Сите реакции:
1010
* 9 ноември 1989.- „Падна“БЕРЛИНСКИОТ ЗИД,изграден во 1961г.Демократска Република Германија (Источна) бил изграден од комунистичкиот режим на Источна Германија за да се оддели Западен Берлин, кој бил под контрола на западните сојузници, од источниот дел на градот и од остатокот од Источна Германија, која била под силно влијание на СССР. Sидот станал највпечатлив симбол на Студената војна и на Железната завеса. Кога на 9 ноември 1989, по неколку неделни граѓански немири, власта во Источна Германија објавила дека сите нејзини граѓани можат да ја посетат Западна Германија и Западен Берлин, источногерманците се искачувале и го преминувале ѕидот, прославувајќи ја слободата на другата страна. Во текот на следните неколку недели, делови од ѕидот биле искорнати од одушевениот народ и од ловци на сувенири, а по неколку недели ѕидот речиси целосно бил отстранет со градежна механизација.Падот на Берлинскиот ѕид бил првиот чекор во обединувањето на Источна и Западна Германија во една држава Германија..

* 9 ноември 1985.- Советскиот велемајстор Гари Каспаров во 23-та година од животот стана најмлад светски првак во историјата на шахот, по победата над Анатолиј Карпов.
*9 ноември 1946 година умира Александар Спиров Развигоров – револуционер и учител. Брат на Мише Развигоров.Роден е во 1874 г. во Штип. Завршува на Кустендилската педагогошка гимназија. Учителства во село Гоешево, Кустендилско (1902-1904 г.), и во Македонија. Активен функционер на ВМОРО,председател на револуционерен комитет во Кочани. Во1913 г. е прогонет од српските власти во Бугарија и потоа е учител во Плевенското лозаро-винарско земјоделско училиште (1914-1928 г.). Един од издавачите и редакторите на албум-алманахот “Македонија” (1933 г.).
* 9 ноември 1993.- На конференцијата на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), во Рим, се изврши гласањето за нов генерален директор, а приемот на Република Македонија во ФАО предизвика големо нтересирање.
* 9 ноември 1995.- Во Стразбур е извршен и формален прием на Република Македонија во членството на Советот на Европа, како 38 членка.
*9 Ноември 1996 – Во квалификациите за СП, македонската фудбалска репрезентација, во Вадуц, против Лихтенштајн постигна рекордна победа од 11-1. Победничкиот состав и стрелците: Целески, Седлоски, Митко Стојковски 2 (Милошевски), Марковски, Николовски, Захариевски, Ѓошев, Тони Мицевски 2 (Ванчо Мицевски 1), Христов 1, Ќириќ 2, Главевски 3 (Наумовски); селектор Ѓоко Хаџиевски.
* 9 ноември 2000.- Политичката партија на Македонците од Егејска Македонија на Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕСА), одржано на 9 и 10 ноември, е примена како полноправна членка.
* 9 ноември 2001.- Наставно-научниот совет на Правниот факултет во Скопје донесе одлука со која Правниот факултет се именува во Правен факултет „Јустинијан Први“
* 9 октомври 2005.- Европската комисија даде позитивно мислење за кандидатурата на Македонија за членство во Европската унија и му препорача на Европскиот совет да и даде статус кандидат.