КРШТЕВКА-Обичаи и верувања

0
733

Крштевање  е традиција со духовна вредност преку која се смета дека бебето е очистено од прародителскиот грев. Така, преку потопување во света вода 3 пати, доенчето се чисти од прародителскиот грев, се смета дека е меѓу членовите на Црквата и стекнува нов духовен живот. 

  Во постаро време  крштевањето  се гледало да изврши откако детето ќе се исполни 40 дена.

 Крштевањето не можело  да се изврши на кој било ден од годината. Не се правело  во посни денови и празници.  Денот кој се смета за идеален за Крштевањето е недела предпладне.

Сепак, важно е да се знае дека ако детето се крсти пред четириесеттиот ден по раѓањето, мајката не може да присуствува на крштевањето.

За овој свечен настан треба да се подготви бело басмо-платно, со големина од еден до еден и пол метар, во кое детето ќе се завитка по крштевањето. Од него, на детето потоа се шие кошула, бенкица или перница за спиење. Во некои делови, вообичаено е детето, кога ќе започне крштевањето, да се завитка во белата кошула на татко му, сè додека не се крсти со вода. Белата кошула и крстот ја симболизираат невиноста, чистотата, бидејќи белата боја е симбол на духовна и физичка чистота

Едно лице треба да биде назначено да го соблече детето пред и да го облече по крштевањето. 

По крштевањето, водата со која се крсти детето се истура на местото каде што не се гази, или се истура во цвеќе во куќата. Косичката што свештеникот ја отсекува при крштевањето се става во восок, па се става и на калем или се чува во куќата, како сеќавање на овој голем настан во животот на детето. Свеќата што се пали на крштевањето се чува во куќата како драг спомен.

Кумот, кој му го дава името на детето, е сведок на крштевањето и духовниот родител на детето што се крсти. Тој мора да има православна вера, крстен и полнолетен. Ако е оженет, тој мора да биде оженет во Православната црква. Родителите не можат да бидат кумови на своите деца. Не треба да се избере ниту од крвни сродници.Кај нас институцијата кумство е високо ценета. Затоа во народната поговорка се вели: „Тоа што е Бог во рајот, тоа е кум на земјата!“

Додека трае крштевката ,односно додека не се врати од крштевката ,неговите родители Кумот ништо не јадат за  детето да има здрави заби.

А , Кумот само ги засукувал ракавите од кошулата, за детето да има коврџава –вртена коса.

Сепак статијава е да се каже како било порано, а не како треба да биде денес.

Претходниот артикал,ДУРАНСКИ
Следната статијаФотографија стара 100 години

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука