Обичаи и верувања поврзани со лебот

0
323
Обичаи и верувања поврзани со лебот
Исто така има посебен однос и кон брашното, житото и сл. Лебот не се остава на нечисто место, и секогаш се внимава да стави да стои на „лице“,а не наопаку.Но на нечисто место не се оставаат ни садовите во кои се меси и пече леб, како што се: тепции, црепни (подници), ношви и сл. Кога се пече леб во црепна под вршник, погачата се посолува (се покрива) со брашно за да не изгори. Откако ќе се испече се остава под сачот да зори, односно да се допече,да се „дотишти“.
Ако лебот падне на земјата треба веднаш да се подигне и да се бакне со што се бара прошка за тоа што се дозволило да падне. По јадаењето на софрата и по кревањето на софрата се внимава за да не се газат трошките. Додека некој јаде не треба да се напаѓа. Дури и полјаците не ги тепале децата чија стока влегла во нивите додека јаделе.
Кога ќе се извади од фурната лебот не треба веднаш да се крши или сече и да се јади додека малку не остине.Се вели „Додека не појде кај мајка му.“или пак„Да почекаме да отиде на орање“.Тие изговори се користеле првенсвено да не се јаде вруќ леб,сепак малку отстојаниот е подобар и поздрав за организмот.
ОБРЕДНИ ЛЕБОВИ
За разни обреди се меселе специјални лебови. Така на пример на секој празник се прави леб што го носи името на светецот. На тој леб од тесто се прават разни шари и фигури, на пример ѕевгар, јарем, потоа овци, коњи, рало, кола и друго. Тој леб го сече свештеникот по специјален обред. На слава се прават и повеќе помали лепчиња, кравајчиња на кои има печат со крст и други фигури.
На свадба и во домот на момчето и во домот на девојката се се прават погачи што се викаат „погача“. Таа погача („сваќа“) се заигрува на орото.
За празник се прави сукано за да се сучи ксметот, односно ксметот да остане дома, во куќата. На Прочка кога се седнува на вечера се јаде сукано. Првиот залак малку се зажвакува и се остава на трпезата. Потоа тој залак младите го ставаат под перницата за да го сонат тој за кого ќе се омажат, односно ќе се оженат.
Јадења од тесто: Питулици, ѓомлезе, тиганици тарана, јувки, топејнца (топеница). По породувањето се прават мекици (тиганици) и се даваат на роднини, пријатели, соседи итн.
Порано имало чист леб, од пченица, потоа од рж, леб од пченка, мешан леб. Пресна погача, некисната. Леб со наут,симитче и други.Народот од сегогаш имал култ кон лебот и затоа се колне „жими лебов“,„леба ми“итн.

 

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука