Во тешките денови со кои се изложени луѓето од цел светод разни болести на располагање на народот и медицината денес им стојат разни можности вакцинии други лекарства за отклонување тешките болести.
Но, да видиме како народот тоа го правел низ времето во вакви состојби наа епидемии кога медицината била недоволно развиена, а немало ни доволно доктори.
Во една таква состојба во 1910 година во Охрид беснеела колера,лек немало а секојдневно умирале голем број луѓе. Народот исплашен започнал да се преселува и да бега во околните села.
Покрај околните села и Манастирот свети Наум бил полн со избегани охриѓани.
Тогаш на некои постари жители охриѓани ги замолиле свештениците со моштите на Св.Климент и во литија да поминат низ улиците низ Охрид.
Како се движела литијата ,так се повеќе им се придружувал народот од Охрид.
Најпрво поминале низ Варош,потоа низ чаршијата,прошетката била пратена и од турските власти и не им пречело тоа,затоашто несреќата ја доживувале сите.
И така до вечерта народот се вратил со моштите во црквата свети Климент, а веќе наредниот ден никој повеќе не се разболе од колера.
На ваков потег се одлучиле затоашто и во Цариград завладеала колера и многу народ покосила.
Тогаш Патријархот пошол кај султанот и замолил за одобрение, да се пренесе низ градот појасот на Пресвета Богородица. Султанот дозволил, и литија со Појасот и со Патријархот, свештенството, со крстови и прошла низ Цариград. И за големо чудо колерата веднаш престанала.

Денес иако живееме во свет со многу развиено здраство, врвни стручњаци и лекарства,пак се одржуваат верски литии за победа над корона вирусот , како оваа во Украина.










































