ЗОШТО СЕ ВЕРУВА ДЕКА ОЏАЧАРИТЕ НОСАТ СРЕЌА

0
220

ЗОШТО СЕ ВЕРУВА ДЕКА ОЏАЧАРИТЕ  НОСАТ СРЕЌА

Некогаш одамна во Италија некој оџачар влегол во три куќи на иста улица во ист ден и на сите три куќи тој ден им се случиле убави работи.Кога се собрале соседите на седенка и си ги раскажале убавите работи што ги доживеале дошле до заклучок дека тоа им се случило поради доаѓањето на оџачарот

Постои верување, според кое, има логика дека оџачарите носат среќа, затоашто кога е затнат оџакот се чуствуваме несреќно, чадот се враќа во куќата, што значи дека домот „не диши“, чадот се задржува внатре со што се загадува домаќинството, а со тоа се таложи негативната енергија.

 А, откако ќе се очисти оџакот   чадот да излегува надвор, што во тој момент претставува чистење и ослободување на домот од лоши и негативни сили.

Постои и верување дека оџачарската среќа се припишува и  за тоа затоашто оџачарите  рано се будат , а од тука можеби произлегува изреката „кој рано рани, две среќи граби“.

Оџачарот како ранобудник е посреќен од оние кои доцна се будат.

Претходниот артикал,Ф.К.МАРИНО-ДРУЖЕЊЕ НА ПОВЕЌЕ ГЕНЕРАЦИИ
Следната статијаРаботна акција,трасирање пат

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука