Фотографија од свадбата на Катица и Лазо во 6о-те години од минатиот век ,највероватно пред земјотресот во 1963 .
Инаку Катица произлегува од староседелскиот род Пиличковци од Илинден.
До тој период за музика на свадбите се користеа Две Зурли и Тапан како што се гледа и на фотографијата.
По земјотресниот период смени многу нешта па и свадбите започнаа да се прават со помодерни инструменти како Хармониката,Кларинетот ,Трубата, Тарабуката и др.