Деновиве се одржа традиционалниот меморијален турнир во фудбал „Роберт Петковски“,а на турнирот зедоа учество 13 екипи .
Турнирот се организира секоја година во чест на Роберт Петковски, кој трагично загина во Вејце, на 28 април 2001 година.
Победник ка турнирот е екипата „Роберт Петковски“ од Бунарџик , која во финалето ја победи екипата на Мралино.
На турнирот учествуваше и екипа на припадниците на специјалната единица „Волци“,со што му изразија почит кон Роберт, како нивен поранешен член во таа единица.