Според народните верувања џамаларските игри се одржуваат во „некрстените денови“, траат од Божик до Богојавление ,најчесто на стара нова година 14 јануари
(Фотографија од „ЏАМАЛАРСКИТЕ ИГРИ“жители од Дељадровци кој се одржа во 2019 година)
На Василица се одржаа Василичарските игри во кои учествуваа многу граѓани од селото.
По старите обичаи тие ги посетуваа домовите низ селото ,а домаќините ги даруваа со разна храна месо,масло,вино ракија овошје и друго.
Во продолжение мал осврт зошто и како се одвивале овие игри во минатото.
Правила на играта:
Учесниците џамалари ги посетувале сите куќи во селото, при што, по дворовите и во домовите ги изведувале познатите џамаларски игри, преку кои, како што се верувало, требало да се прогонат злите духови, кои во тој период во „некрстените денови“владееле со земјата. Овие џамаларски игри почнувале од по Божик и траеле до Водици. Предводникот на групата со долг стап на кој на врвот од стапот имало врзана кокошка ,сите учесници биле маскирани ,а во секоја група имало поп,младоженец и невеста .Целиот ритуал на играта се состоел од разни игри и скечеви ,при тоа свиреј ќи со разни музички инструменти(гајди ,шупелки,дудуци и др
Најпрво во куќата влегувал маскираниот поп,потоа мечкарот со мече,па девојките и на крај џамаларите.Секоја куќа ги дарувала џамаларите со разни прехранбени производи и пијалоци.
Собраната храна и пијалоци од месното население џамаларите сами си ја подготвувале и со неа се гоштевале по цел ден.Порано џамаларите покрај во своето село, посетувале и други села ,а во секое село имале доверлива куќа во која ги оставале собраните артикли.
Вакви игри во Илинден и околните села се одржувале се до 1953г.,кога биле забранети од тогашните влаасти .Иако забранети тие непрекинато се одржувале во с.Бучинци,Дељадровци и други села се одржувале,објаснување за нивната забрана немаме ,ама од кажувањата на нашите постари, тоа се случило поради големите тепачки што се случувало помеѓу две џамаларски групи, доколку се сретнат при изведувањето на игрите.Таква голема тепачка се случила во соседното село Брњарци ,тепачките биле (тепачки до смрт)како што кажуваа нашите постари жители и голема е веројатноста дека баш поради тоа ,овој обичај бил забранет да се изведува .
Вчера на Василица се одржаа Василичарските игри во кои учествуваа многу граѓани од селото.
По старите обичаи тие ги посетуваа домовите низ селото ,а домаќините ги даруваа со разна храна месо,масло,вино ракија овошје и друго.