СВ. КОЗМА И ДАМЈАН, ЛЕКАРИ

0
496
СВ. КОЗМА И ДАМЈАН, ЛЕКАРИ НА БОЛНИТЕ И СИРОМАШНИТЕ,СЕ ОДБЕЛЕЖУВА ДВА ДЕНА ВО ГОДИНАТА НА 14 ЈУЛИ И 14 НОЕМВРИ.

Лекари, бесребреници и чудотворци. Овие двајца Светители беа родени браќа, родум од Рим, уште како деца крстени и воспитани во христијански дух. Имаа голема благодат од Бога да ги лечат луѓето и животните од секоја болест и мака, и тоа со едноставно полагање на рацете врз нив. За својот труд не бараа никаква награда, од болниот бараа единствено да поверува во Господ Исус Христос.
Беа толку внимателни во бесплатното лечење на луѓето што Козма вистински се налути на својот брат Дамјан зашто овој зеде три јајца од една жена Паладија, па нареди Козма по неговата смрт да не го закопуваат до брат му Дамјан. Всушност Свети Дамјан не ги зеде оние три јајца како награда зашто ја исцели болната Паладија, туку затоа што таа го заколна со Пресвета Троица да ги земе оние три јајца. Сепак по нивната смрт, во местото Фереман беа закопани заедно според Божјо откровение. Овие Свети браќа беа големи чудотворци и за време на животот и после смртта. На еден слуга на спиење му се беше вовлекла змија низ устата во стомакот и кутриот човек ќе издивнеше во најтешки маки, ако во последен миг не ги повикаше на помош Светите Козма и Дамјан.
Наследиле голем имот, но го раздале на бедните и неволните. Во тоа време во Рим царуваше царот Карин.
Населба Илинден им честита на сите кои го носат името и ги слават Светите маченици Козма и Дамјан.

Претходниот артикал,СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ – ПАВЛОВДЕН и Собор на Славни сефални Апостоли
Следната статијаСВЕТА ВЕЛИКОМАЧЕНИЧКА НЕДЕЛА

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука