Празникот на Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, кој се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим.
За подостоинствено празнување на празникот, но и за оддавање признание на светиот крст,како и за сочувствување со страдањата на Спасителот Исус Христос Светата црква го одредила овој ден како тежок празник и како строг пост.Именден празнуваат: Крсте,Крстана , Крстинка,Кристијан Кристина,Христијан, Христина.
На овој ден не се јаде ништо мрсно дури ни растително масло, а некои верници јадат само леб и грозје.
Вечерта спроти Крстовден од полето се носи грав, пченка, компири, лубеници, грозје . Утрото се оди во црквата каде што се раздава за здравје.
По Крстовден започнува есенската сеидба на житото
Од Крстовден почнува гроздоберот, а првото откинато грозје мора да се однесе во црквата, за да се освети. Почнува и сеидбата на зимските житни култури.
На Крстовден највозрасните жени во домот е потребно да испечат специјален обреден леб, украсен со голем крст на средината. Лебот се раздава, кога целото семејство е на масата и се вели Крстец крст да боли мене, крст да не боли. Се смета дека со овие зборови луѓето се штитат од болки во грбот за време на работа.
На Крстовден се почитува и строг пост – не треба да се јаде ништо црвено како пиперки, домати, ’родокви, црвени јаболка и друго. На трпезата освен обреден леб задолжително треба да присуствува печена тиква и грозје. Во народните верувања се вели дека сите молитви ќе бидат слушнати на овој ден.
Се проценува дека во ноќта спроти Крстовден, Господ слегува на земјата и ја исполнува секоја посакана желба. Ова верување има најголема сила во Крстови Гора, каде што легендите раскажуваат дека е закопан Христовиот крст.
Едно од најважните верувања за овој празник е врзано со претскажувањето на времето:
– Ако на Крстовден е облачно, зимата ќе биде богата со снег, а ако е суво, наредната година ќе биде сушна.
– Ако до Крстовден не си заминат ластовичките, нема да има јака зима.
– Тивок дожд на Крстовден претстажува блага зима.
– Грмотевици на Крстовден претскажуваат плодна година.
– Псоле топлиот и сув септември претстои ладен и дождлив октомври.
– Септемвриски дожд – злато на нивите, отров на лозјата.
– Што не „зготви’ август, ќе “зготви’ септември.
– Каков септември, таков и март.
– Ако крстовден е облачен, зимата ќе биде богата со снег. Ако е ведар ќе има сувомразица.