НА ДЕНЕШЕН ДЕН -1 МАРТ

0
130

* 1 март 1905 година во близина на с.Смол, Гевгелиско во тешка борба со турскиот аскер загинува македонскиот револуционер и гевгелиски војвода Сава Михајлов – Савата. Роден е на 25 декември 1877 година во с.Мачуково, Гевгелиско. Во 1895 година станува член на ВМОРО и учителствувал во Кавадарци. Како учител и револуционер дејствувал во с.Ракита, Кајларско, Неготино, Гевгелија и Горна Џумаја во 1900 година, каде станува реонски раководител.Во 1901 година станува нелегален и се приклучува кон четата на Ј.Сандански и Х.Чернопеев со која учествува во аферата со грабнувањето на мисионерката Мис Е.Стоун. Во март 1902 година дејствува во Горноџумајско и учествува во конфликтот со Врховниот комитет. Во почетокот на 1903 година навлегува со чета во Гевгелиско и се вклучува во подготовка на востанието.За време на Илинденското востание е реонски началник во Гевгелиско и командувал со поголем востанички одред, извршувајќи неколку диверзантски акции по железничката линија Солун-Скопје. По востанието за кратко време се повлекол во Бугарија.На 1 март 1905 година, заедно со четите на Апостол војвода биле предадени од овчари арнаути.По неколкучасовниот судир со турската војска паднале 36 четници, а војводата Сава Михајлов се самоубива со отров.

1 март 1875г. Во Охрид е роден Кирил Григоров Прличев, син на Григор Ставрев Прличев и Анастасија Узунова, македонски револуционер, општественик, учител, книжевник, журналист и деец на ВМРО. Учесник е во Илинденското востание во четата на Хирсто Чернопеев. Бидејќи едно време беше протуѓеровист, во 1931 година под притисок на Иван Михалов се откажа од политичката активност во редовите на Организацијата. За време на Втората светска војна беше директор на Музејот во Охрид. Умре во Охрид, на 9 февруари 1944 година.

1 март 1898.- Во селото Тресонче, Гостиварско, е роден Димитар Пандилов Аврамовски Зографски, македонски сликар. Академија заврши во Софија, во 1924 година. Извесно време беше на постдипломски студии во Париз во Франција. Во почетокот сликаше под влијание на својот професор Н. Маринов. Претежно работеше мртви природи во акварел. Познати му се циклусите „Жетви“, „Железнички станици – вагони“, „Збегови“ и други. Самостојно излагаше во Франција, во Бугарија и во Скопје. Умре во Скопје од последиците на катастрофалниот земјотрес на 26 јули 1963 година.

01.03.1913 – МЕМОРАНДУМОТ ЗА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈ.На денешен ден, 1-ви март 1913, пет месеци пред да биде потпишан кобниот Букурешки договор со кој Македонија беше поделена меѓу Грција, Бугарија, Србија и Албанија, претставниците на МАКЕДОНСКАТА КОЛОНИЈА во Петроград (Русија) – Димитрија Чуповски, Наце Димов Чуповски, Гаврил Константинович и Александар Везенков, составиле и потпишале Меморандум во кој побарале формирање на НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА, и му го предале на министерот за надворешни работи на Велика Британија – Едвард Греј, на амбасадорите на големите сили во Лондон и на рускиот министер за надворешни работи.

Заедно со меморандумот, била предадена и картата на Македонија во боја, изработена од Димитрија Чуповски.

Во меморандумот се изложува и истакнува борбата на Македонците за својата слобода и држава, и било нагласено учеството на Македонците во Првата балканска војна како рамноправна војувачка страна.

Преку неколку точки во меморандумот се изнесени барањата, меѓу кои најбитни се: Македонија во нејзините географски, етнографски и економско-културни граници да остане единствена, неделива, независна балканска држава и во најскоро време врз основа на општо гласање, да биде свикано Македонско народно собрание во Солун, заради детална разработка на внатрешната организација на државата и за определување на односите со соседните земји.

На првата фотографија од лево на десно – Димитрија Чуповски, Наце Димов Чуповски (стои) и Гаврил Константинович.

1 Март 1913 година,седум месеци пред потпишувањето на договорот, претаставниците на Македонската колонија во Петроград, Георги Константиновиќ, Димитрија Чуповски, Наце Димов и Александар Везенков потпишале меморандум за независност на Македонија и му го предале на министерот за надворешни работи на Велика Британија, Едвард Греј, и на амбасадорите на големите сили во Лондон. Со меморандумот Димитрија Чуповски изработил и карта на Македонија во колор со сите специфичности што аргументирано ги докажувале посебноста и причините за самостојност на Македонија. Меѓутоа, поради сопствените интереси и во отсуство на било какво чувство за реалност и за Македонскиот народ, големите сили судбината на Македонија ја оставиле да ја решат завојуваните Балкански држави.

1 март 1921.- Во Прилеп е роден Благоја Корубин, македонски научен работник на полето на македонскиот литературен јазик. Умре на 17 феруари 1995 година.

1 март 1933.- Во Штип е роден Благоја Чешларов, долгогодишен работник на Радиотелевизија Скопје, истакнат музичар на македонската естрада, музички педагог, уметник – интерпретатор кој со своите изведби и беше познат на пошироката јавност во земјата и во странство. Умре во Белград, на 19 ноември 1985 година.

*1 март 1942 година,роден е СОКРАТ МОЈСОВ во населеното место Сетина во егејскиот дел на Македонија.Во дресот на Вардар, настапува цели 12 сезони во периодот од 1959 година до 1971 година.За скопските “црвено црни”има одиграно вкупно 362 натпревари(213 првенствени)и постигнато 166 погодоци(67 на лигашките средби),заземајќи место меѓу десетте најдобри стрелци во историјата на клубот.Сократ Мојсов исто така беше дел и од генерацијата,која во сезоната 1960/61 го освои трофејот на националниот куп на  Југославија.По завршувањето на кариерата како активен играч,Мојсов беше тренер на младите вардарови фудбалери,кои под негово водство во 1975 година станаа југословенски шампиони во младинска категорија.Исто така беше дел од стручниот штаб како прв асистент и во сезоната1983/84,кога младинците на Вардар триумфираа во финалето од младинскиот куп.

1 март 1994.- Владата на Словачката Република донесе одлука за признавање на Република Македонија и за воспоставување на дипломатски односи на ниво на амбасади.

1 март 1997.- Изгоре Домот на Дервен, Прилепско, еден од најстарите планинарски домови во Македонија (граден во 1951 година).

– 1 март 2016, 16.00 часот. Се отвори една од најмодерните болници во Европа, новиот објект во кој ќе работи д-р Жан Митрев со својот тим.

Претходниот артикал,Свадба на Јовица и Вера-1977
Следната статијаЧист Понеделник- Велигденски пости

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука