НАРОДНИ ОБИЧАИ : на денешниот празник Василица секоја домаќинка станувала рано во зората сукала баница,потоа семејството се собирало на гумното каде што се вршело житото.
Баницата се ставала на превтен кош и секој член од семејството зема парче од баницата пред да касне од парчето дува во него за да има ветер летоска кога ќе се вее житото, сето тоа се правело со кружење околу стожерот на гумното .
Според кажувањата на Трипун од родот Велкови низ нивниот двор стално подувнувал ветер затоа што од нивниот двор према север се протегал патот и немал пречки да продувува низ нивниот двор и многу од соседите донесувале житото на веење на нивното гумно .

За да не зависи веењето дали ќе има или нема ветер во 50-те години направени се машини за веење-Вејалици на рачен погон, а со доаѓањето на комбајните во 60 –те години ово проблем е надминат целосно.