Св.Цар Константин и царица Елена.

0
1409
Св.Цар Константин и царица Елена(ЕЛЕНОВО,по наше) се заштитници на населба Илинден ,нивното име во Илинден се слави од кога е изградена нашта црква при крајот на 19 и почеток на 20 век.
Царот Константин Велики и неговата мајка, царицата Елена, за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите.
Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот владетел на големата Римска империја што ја признал оваа вера.
Константин е најстариот син на царот Констанциј Флор, и царицата Елена. Констанциј имал и други деца од друга жена, а со Елена го имал само Константина. Константин е роден во Ниш на 27 февруари 274 година, каде што татко му како висок римски службеник тогаш бил на служба. Кога татко му умрел, во Англија, во 306 година како император на Западната римска империја Константин го заменил на императорскиот престол.
Мајка му Елена, многу добра и побожна жена, го советувала да не ги напаѓа христијаните туку да ги заштитува зашто тие се добри луѓе. За време на школувањето во царскиот двор Константин со болка на душата гледал како царските војници ги мачат и убиваат христијаните. Кога станал император тој раководел со мудрост и разбирање за сите поданици на империјата. Тогаш и христијаните почувствувале поголема слобода за своите верски чувства.
Именден празнуваат: Константин,Костадин, Костадинка, Кочо, Елена, Ленка…
Населба Илинден на сите жители на Илинден кои го слават денешниов празник им го честита и нека е за многу години.
На 9 јуни во 2012 година во населба Илинден започна со изградба на новиот Црковен Храм посветен на Светите Константин и Елена.

Камен темел на новата црква Цар Константин и царица Илинден на 9 јуни 2012 година.
ВО 2013 година.
Претходниот артикал,Свети маченик ТАЛАЛЕЈ
Следната статијаКатерина Трајковска – уметник

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука