Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ,ИКОНА -РЕЗБА ОД НАШИОТ УМЕТНИК ЦАЦКО КОЧОВСКИ
Св.Климент Охридски-Чудотворец и Црква Плаошник ,посветена на Св.Пантелејмон и Св. Наум Охридски-Чудотворец во Охрид.
Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на Св. Методиј Климент, под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици – го помина Дунав, поседе како гостин при царот Борис Михаил и потоа дојде во охридскиот крај.
Прво основа манастир во Белица, кај што му беше и првото епископско седиште. Подоцна се пресели во Охрид и оттаму разви голема архипастирска и просветителска дејност за целата поблиска и подалечна околина.
Во Охрид Свети Климент му подигна црква на Св. Пантелејмон. Имаше голем број ученици коишто ги препишуваа книгите со словенски букви за словенскиот народ. При таа дејност особено му помагаше Св. Наум.
По смртта Господ го прославил со многу чуда. Но бидејќи Свети Климент уште за време на животот бил многу популарен меѓу народот, веднаш по неговата смрт неговиот култ уште повеќе се раширил. Се создале многу преданија во кои се среќава неговиот лик. Едни од нив содржат биографски податоци за светителот, други содржат мотиви со исцелителска содржина и раскажуваат за неговата моќ да лекува со допир, со лековити води или со лековити билки. Извесен број преданија зборуваат и за неговата просветителска дејност, за тоа како го описменувал населението, како го почувал да ја обработува земјата, да одгледува овошни дрвја и како да гради поубави куќи да живеење. И поголем број топоними (камења, стапалки, дрвја и сл) во охридскиот крај се поврзани со неговото име.
Свети Климент Охридски е заштитник на градот Охрид и целиот охридски крај. Преданијата раскажуваат дека секогаш кога над градот и околината ќе се надвиснела некоја несреќа се јавувал духот на светецот и го спасувал градот од разурнување, а народот од страдање.Вршеше чуда и за време на земниот живот, а неговите мошти до денешен ден пројавуваат исцелителна сила. После големиот труд и верната служба на Бога, се упокои мирно во Охрид, во 916 година. Неговите чудотворни мошти почиваа во некогашниот храм на Пресвета Богородица, којшто подоцна се нарече по Свети Климент, а денес, во возобновениот манастирот на свети Климент Охридски и свети великомаченик Пантелејмон на Плаошник во Охрид. ( Од Верскиот календар на МПЦ)