ТОМИНА НЕДЕЛА

0
363

Првата недела по Велигден е Томина Недела

На денот кога Христос воскресна и им се јави на Своите ученици, меѓу нив не беше Тома. Тој откако дојде при нив подоцна, слушна дека го виделе Христа, но не поверува.

Поради тоа, апостолот Тома е наречен Неверен Тома.

Брзиот на добро дело Бог, Кој се грижи за секој човек, имајќи при тоа и поголема промисла, после Воскресението, за да ги увери и идните поколенија, го остави осмиот ден, за да се изостри љубовта на Тома и за да му даде уверение во Воскресението. Он повторно доаѓа при своите ученици, кога вратата е заклучена, како и претходно, но овој пат и Тома е со нив. Откако им го дава Својот мир, му се обраќа на Тома и му вели: „Дај го прстот свој тука и види ги рацете мои, принеси ја раката твоја и стави ја во моите ребра, и не биди неверен, туку верен. Затоа што не само со видување сакаше да се увериш – за да не се работи за привид, туку спомна и допирање. Затоа стави ја својата рака во моите ребра.“ Се покажува дека раната на ребрата беше толку широка, што внатре можеше и рака да се стави. Тома испита и преку допирот прими вера, бидејќи му беше допуштено да го гледа и да го твори сето ова на нетленото и конечно обожено тело Христово, и тој извика: „Господ мој и Бог мој“. Едното е заради плотта, а второто заради Божеството. И Христос му рече: „Поверува затоа што ме виде; блажени се оние кое не виделе, а поверувале“.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука