ПЕТОК-БАЛАКЛИЈА

0
904

На фотографијата црквата посветена на петок балаклија изградена во хотелско-туристичкиот комплекс- Белви.

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што некои го викаат и Светол Петок, а поради тоа што во светлата недела се блажи, може да се сретне и како Благ Петок.

На овој ден се празнува обновувањето на храмот на Пресвета Богородица во Цариград, наречен Живоносен Извор, поради чудотворниот извор со вода што се наоѓа во него.

Подоцна, во негова близина велелепен храм изградил и царот Јустинијан Велики, затоа што по милоста на Богородица нашол исцеление за својата болест во чудотворните води на изворот.

Прочуената црква била уништена, а градежниот материјал бил употребен за изградба на џамија на султанот Бајазит. Местото каде што порано стоела црквата затpупано, а околината била претворена во муслимански гpобишта.

Турската стража им забранувала на христијаните не само да се собираат на тоа место, туку дури и да пријдат таму. Со текот на времето забраната станала не толку стpога и на христијаните им било дозволено да направат малечка црква на тоа место, која неколку пати доживувала тpагична судбина.

За времето на владеењето на султанот Махмуд, во 1835 г., е изградена и осветена црквата којa и сега e таму. По молитвите на Пресветата Богородица и преку нејзиното застапништво, од водите на изворот и денес се случуваат многубројни чудеса.

Претходниот артикал,Фотографија од родот Колевски Бујковци
Следната статијаРод-Галабија„Пурчеви“-Илинден

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука