ПРОЧКА

0
572

ДЕНЕС  И НЕБОТО И ПРОСТУВА НА ЗЕМЈАТА ,А И ЧОВЕКОТ МУ ПРОСТУВА НА ЧОВЕКОТ…

 Денес е големиот празник прочка, кога според обичаите се прави заедничка вечера во семејството. Инаку овој празник е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на велигденскиот пост.

На овој голем ден секој секому му вели: „Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“.

Според традицијата помладиот бара прошка од постариот. 

АМКАЊЕ ЈАЈЦЕ

На овој ден во минатото варено јајце се врзувало на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее да го гризне јајцето без да ги употреби рацете напомош,се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.

Проштевањето е духовно миење. Тоа е очистување на душата, односно, очистување на две души одеднаш. Се ослободува и оној што пришол кон другиот и оној што простил. Првиот, за да му пријде нему, веќе му простил и му приоѓа со љубов и покајание, а тој се топи од силата и топлината на љубовта и му ја дава сета своја љубов и прошка. Двајцата се духовно радосни и весели. Бог се радува и ги благословува да останат во взаемната љубов и радост, правејќи си добро едни на други, со збор, помисла и дело.

Вистинската смисла на сето тоа е дека пред постот, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце. Утредента, првиот ден по Прочка е чист понеделник кога постот веќе започнал, а името го добил по тоа што тогаш започнува нaшето очистување со постот – духовно и телесно.

Во минатото ,некаде до 60/70 -те години на прочка на Кале во Скопје се одржуваше голема прослава , а младите од цела скопска околија на тој ден беа на Кале.

Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден.

Претходниот артикал,Обичај на свадба е невестата да се наоѓа од левата страна на младоженецот.
Следната статијаВАНЕСА ФИЛИПОВСКА –БАЛЕТ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука