Руса среда-преполовение(Женски Празник)

0
1147

Руса среда празник на водата. Народот со свои обичаи и верувања го издигнува на ниво на народен празник

Руса Среда спаѓа меѓу подвижните празници, што значи дека нема постојан датум туку секоја година го менува.Овој празник зависи од Велигден бидејќи се паѓа во средината меѓу Велигден и Духовден но секогаш во среда. Затоа освен Руса Среда овој ден се вика и Преполовение што значи половина од Педесетницата, односно од Духовден.

На овој ден порано се собирала ума(земјена глина) која се користела преку годината за лечење на кожни болести, како и за правење црепни.

Се берела „руса трева“ за која постои верување дека е лек а многу кожни болести.

Бидејќи се работи за пролетен празник поврзан е со зеленилото, на Руса Среда не  чинело да се јаде нешто зелено како спанаќ, коприви и друго „за да не те фати булусница на устата (устоболие)“

Во минатото на овој празник се изведувал обичајот „Додоле“ за измолување да врне дожд.

Претходниот артикал,Прво место за Илинденките
Следната статијаМанастир “Руса Среда”

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука