Манастир “Руса Среда”

0
903

Преполовение (Руса среда) – 25 дена по Велигден

Меѓу подвижните празници и во црковниот и во народниот календар значајно место има празникот Преполовение, меѓу народот познат како Руса Среда. Овој празник зависи од Велигден бидејќи се паѓа на средината меѓу Велигден и Духовден, и секогаш е во среда. Затоа освен Руса Среда се вика и Преполовение што значи половина од Педесетницата, односно половина до Духовден.

По тој повод Ве запознаваме и со Манастирскиот Комплекс во близина на Драчево, на локалитетот Пеленица се наоѓа еден необичен и не толку познат Манастирски комплекс Преполовение “Руса Среда”. Сместен на ридот под Китка, на надморска височина од приближно 800 метри, овој релативно нов христијански храм, нуди несекојдневно доживување.

Манастирскиот комплекс е изграден во 1987 година, врз темелите на стара римска тврдина. Според созанијата, тврдината била изградена со цел да го обезбеди патот кој водел од Скопското Поле кон Китка. Целата висорамнина била опколена со одбранбени ѕидини од кои и денес постојат пронајдени остатоци, камените столбови-“рапунди”. Во непосредна близина на црквата се наоѓа археолош ка ископина со откриен мозаик, којшто потврдува дека овој локалитет бил населен пред пове ќе од два века.

 Комплексот е распослан на површина од околу пет хектари заграден вакавски простор, во кој е сместена црквата изградена во чест “Руса среда”-„Преполовение“, а од спротива се конаците секогаш отворени за гости.

Во 1936 година, на оваа локација, жителите на Драчево изградиле капела посветена на Свети Јерусалим, а Пеленица ја прогласиле за манастир.

Близу манастирот, под едно старо оревово дрво од дамнина постои изворска вода за која се верува дека е света и лековита, а посетителите ја пијат за здравје

.

Претходниот артикал,Руса среда-преполовение(Женски Празник)
Следната статијаИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЉУБИТЕЛИТЕ НА ФУДБАЛОТ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука