ПРЕОБРАЖЕНИЕ ГОСПОДОВО – БЛАГОСЛОВУВАЊЕ НА ПЛОДОВИТЕ КАКО БЛАГОДАРНОСТ КОН БОГА
19 август се слави празникот Преображение на Господ Бог (Преображение Христово) и спас на нашиот Исус Христос.
Празникот Преображение Господово спаѓа во големите празници што ги празнува Светата Христова црква, но тој и со поголемиот број обичаи и верувања има значајно место во животот на нашиот народ, така што во целокупното празнување на овој празник следиме повеќе слоеви на народната култура. Третата година откако започнал да го проповеда своето учење Исус им зборувал на своите ученици дека наскоро ќе се случат важни работи. Им раскажувал, дека тој ќе биде мачен и распнат, дека ќе умре и ќе воскресне. Учениците не можеле да поверуваат синот Божји така да страда и да умре. За да не се исплашат и разочараат кога тоа ќе се случи Исус решил да им покаже како тоа ќе изгледа. Повел тројца апостоли: Петар, Јаков и Јован на планината Тавор.Кога пристигнале на ридот Тавор апостолите изморени од патот веднаш заспале, а Исус започнал да се моли. Одеднаш лицето почнало да му свети како сонце, а и облеката му станала бела, како снег. Тогаш се појавиле и двајцата старозаветни пророци Мојсие и Илија. Кога се случило преображението апостолите се разбудиле и виделе како Исус разговара со пророците за тоа што наскоро ќе се случи во Ерусалим, за мачењето и распнувањето за смртта, и воскреснувањето.
Восхитен од таа глетка св. апостол Петар извикал, „Господи, добро е да бидеме овде и ако сакаш да направиме тука три сеници: една за тебе, една за Мојсеј и една за Илија“. (Мат. 17, 4). Тогаш, уште додека Петар зборувал, старозаветните пророци исчезнале, а нив ги прекрил светол облак, и од облакот се слушнал глас: „Ова е мојот возљубен Син, во кого е мојата волја; него послушајте го!“ (Мат. 17, 5). Тројцата апостоли паднале на земјата, а Исус ги допрел и им рекол: „Станете и не бојте се!“ Кога станале не виделе ништо освен Исус онаков каков што бил пред преобразувањето. Тогаш Исус пак им рекол: „Никому не кажувајте што видовте додека Синот Човечки не воскресне од мртвите“
Преображението е изведено ноќе затоа што ноќта е попогодна за молитва од денот, потоа ридот е избран затоа што симболизира труд, човекот треба да вложи труд за да се искачи на висина, а висината ја симболизира и висината на нашите мисли т.е. богомислието
НАРОДНИ ВЕРУВАЊА
Според народното верување тогаш за прв пат во годината се бере грозје и се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува. Во краишта каде што нема грозје се осветуваат други плодови како јаболка, сливи и сл. Овој чин претставува и благодарност кон Господа за сите природни дарови на земјава. На Преображение во црквата се дава нафора и грозје. Тоа не е нафора

во вистинската смисла на зборот, туку само благодарност кон Господа за плодовите.
Според народното предание, во зора почнуваат да се преобразуваат и гора и вода, најавувајќи ја идната есен.
Поради заладувањето на времето се верува дека на тој ден се преобразува природата. Лисјето на дрвјата почнуваат да венеат, а и водата станува студена поради што на Преображение луѓето за последен пат се капат по реките.
На Преображение се преобразува и листот и гората и каменот во водата, листовите почнуваат да жолтеат и да опаѓаат, а водата станува постудена па не е за капење.
Кај луѓето на Преображение се случуваат промени-кој преку лето поцрнел, почнува да белее.
На Преображение и небото , во глува доба три пати се преобразува. Кој тоа го види и на друг му каже, се верувало дека ќе го изгуби паметот.
Според распространетото верување, на Преображение не е убаво преку ден да се спие, бидејќи кој тој ден поспие, ќе се преобрази, па цела година ќе биде дремлив и поспан.
Не е добро овој ден да се плаче, ниту луѓето цел ден да го поминат во кафана – да не им помине во навика и да не станат безделничари и расипикуќи.
Преображение спаѓа во христовиот пост на кој жените постеле, а овој ден е обичај, никој, без исклучок да не мрси.
Понекогаш се постело и поради дивите зверови. Било обичај тој ден да се јадат риби и ракови.
Во некои краеви на Преображение се берат лешници и преку целата година се чуваат за лек, кога некој ќе го заболи увото.
Се верува дека, кога на болен ќе му се дадат лешници да јаде, тој оздравува.
Во некои места на Преображение ,жените и децата се врзувале со црвен конецоколу вратот или пак на капата закачувале десна шепа од крт –за да ги чува од уроци.
Во некои места било обичај на Преображение жени и девојки да станат пред сонце и „малку да поработат од секоја женска работа“, бидејќи се верувало дека Бог ги преобрати (преобрази)да бидат вредни, а после не работат ништо цел ден.