Спасовден-спасителот на светот

0
486

СПАСОВДЕН
Четириесет дена по Воскресението(Велигден)и секогаш во Четврток, Спасителот го остварува она што го вети од почетокот. Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната страна на Отецот. Одењето кај Отецот е чин јавен: се случува пред очите на апостолите. Христос се подига во воздухот и облак Гоподзема носејќи Го на небото. Последните пораки што им ги дава се подготовки за Педесетницата(Духови).

Со празникот Спасовден се поврзани голем број обичаи и верувања од кои поголемиот број имаат претхристијанско потекло. Во таа смисла истражувачите на празничните обичаи и верувања истакнуваат дека времето кога се празнува Спасовден отприлика се совпаѓа со времето кога во претхристијанскиот период се празнувал празникот на божеството Спас, кое меѓу многуте божества ја имало улогата на заштитник и спасител на луѓето. Се верувало дека врховниот бог Перун од небото испраќал молњи и громови како и градоносни облаци, а божеството Спас со житен клас во раката ги спасувало посевите.
Во таа смисла е и песната „Свети Спас го обиколува полето” во која се опева токму ваквата улога на светецот што ја наследил од старото паганско божество.

Се смета како празник на ратарите и сточарите ,затоа што се верувало дека им ја заштитувал и спасувал стоката.На Спасовден не се јадело млеко,мажите не се бричеле и не требало на тој ден да се капе(бања).За да не бидете поспани преку годината на овој празник преку ден не требало да се спие.
Од обичаите кои се одржуваат со заминување на овој празник завршува не излегување на полски работи во четвртоците ,завршиа„белите четвртоци“,од Ѓурѓовден до Спасовден, кога не се обавуваа полски работи,а особено се избегнувало запрегнување во јарем на добитокот за да се заштити полето од градобијни облаци.Ова суеверие од црквата е означено како паганско ,по црковните закони само неделата е ден за одмор ,додека другите денови се работни.
Од Велигден до Спасовден верниците се поздравуваат со ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ-НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА .
Инаку овој голем празник го слават повеќе блиски села и населби Маџари,Драчево.Бунарџик ,Мршевци и други .

Претходниот артикал,Трето наоѓање главата на Св. Крстител
Следната статијаДенес-Духовденска Задушница (“Мртва Сабота“),утре ДУХОВДЕН-СЛЕГУВАЊЕ НА СВЕТИОТ ДУХ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука