Филип Ваневски-фудбал

0
172

ФИЛИП ВАНЕВСКИ –ФУДБАЛЕР,по потекло од Бујковци –Илинден .
Роден е во 2003г. ,со фудбал почна да се занимава од својата шеста година.Започна во ФК Вардар,каде тренираше една година,потоа се префрли во ФК Работнички,каде се задржи три години.По поминати три години во Работнички се пресели во ФК Металург ,каде тренираше 5 години,во тимот на тренерот Сашко Караџов.Со екипата на Металург постигна голем успех неговиот тим два пати беше првак на Македонија ,при тоа освои и многу турнири ,а Филип во сезоните 2015 и 2016 беше прогласен за најдобар голман во неговата генерација.Неговиот талент беше забележан од фудбалските стручњаци на Фудбалската Академија на Македонија и во 2016 година беше повикан и стана член на истата.
Како член на Фудбалската Академија на Македонија постигна одлични резултати , два пати го освоива меѓународниот фудбалки турнир во кој учествуваа младите репрезентации на Ерменија,Грузија и Белорусија .
Последниве две години Филип е член на У -14 репрезентацијата на Македонија ,каде постигна одлични резултати, каде беше прогласен за најдобар голман 4 пати,истовремено Филип е и капитен на истата репрезентација.
Неговата посветеност кон фудбалот, редовните и дисциплинирани тренинзи даваат надеж дека на Филип ќе му се исполни желбата да стане голман на некоја од нашите прволигашки екипи и државната репрезентација .
Населба Илинден на Филип му посакува успешна фудбалска кариера.

Претходниот артикал,Учителката Анче -1954г.
Следната статијаУчителката Анче – 1955г

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука