Св.Архангел Михаил

0
11


Православните верници денеска 21 ноември го слават големиот празник Архангел Михаил.
Архангел Михаил е водач на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата.
Според црковните преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува оној кој е како Бог.
Има многу народни верувања за овој ангел: велат дека тој ги посетува болните и ако застане кај нивните нозе – не е добро, а ако е кај главата – болниот ќе оздрави.
Се вели дека во ова време Архангел талка по светот облечен во просјак да ги искара неверниците и да им помогне на оние кои се во неволја, па затоа на неговиот ден никако не треба да ги избркате сиромашните и просјаците од куќниот праг, бидејќи можеби баш еден од тие просјаци е Архангел Михаил.
Едно народно верување вели дека според временските услови на овој ден може да се одреди каква ќе биде годината. Се вели: какво ќе биде времето на Аранѓеловден, такво ќе биде во текот на целата зима и пролет.

Претходниот артикал,20 Ноември ден на детето
Следната статијаФ.К.„МИЛАДИНОВЦИ“-Миладиновци

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука