Фудбалерите и навивачите го сторија своето. Го вратија Вардар на големата сцена, како што и му личи на некогашниот шампион и освојувач на Купот на СФРЈ, а потоа 11-кратен првак на Македонија, петпати победник на македонскиот Куп и единствен овдешен тим што играл во групната фаза од Лига Европа.
За нас од Илинден особено е важно што меѓу сите заслужни што го насеа црвено црниот дрес и придонесоа за враќање на Вардар во Првата Лига настапуваа и двајца наши сограѓани стандардни првотимци, Дарко Глишиќ-Капитен и Дарио Десниќ.
Да не го заборавиме и тоа дека од неодамна и двајца млади наши сограѓани Мартин Радуловиќ- Величковиќ и Тино Спасиќ дебитираа во првиот тим на Вардар.

