Православните верници денес го слават Свети Никола, слава која ја одбележуваат најмногу семејства,како куќна слава или именден.
На овој ден не се работат никакви домашни работи, не треба да се чисти, пере, но задолжително појдете во црква, запалете свеќа и помолете се на Бог!
Свети Никола за животот ги подучувал луѓето, лекувал, им помагал на сиромасите.. Многумина не знаат, но Свети Никола станал заштитеник на морнарите затоа што својот имот го користел за откуп на заробениците.
Постои верување дека на тој ден никого не треба да го потсетувате на долг, ниту дополнително да му ја отежнувате положбата затоа што ви е должник.