Велика Сабота

0
412
Великата Сабота ,е ден на свештен трепет пред Христовото воскресение . Тој ден се привршуваат сите активности и подготовки за што повесело одбележување на Велигден. Тогаш се подготвува храната за празникот и се вапцусуваат останатите јајца. Вечерта се оди во црква на богослужба и полноќно бдеење. Точно на полноќ, со звукот на камбаните се означува христовото воскресение. Оттогаш, па се Спасовден, луѓето, според традицијата, меѓу себе се поздравуваат и отпоздравуваат со зборовите “Христос воскресе” и “навистина воскресе”. По означување на Христовото воскресение присутните започнуваат да се кршат со велигденски јајца, а „победува“ оној во кого ќе остане здравото јајце. Според народните верувања, него ќе го следи здравје во годината која доаѓа.
Но, кршењето на јајцата не претставува само „борба за здравје“. Тоа исто така го симболизира воскреснувањето на Исус од мртвите. Како што Исусовиот гроб се отворил кога тој воскреснал, за да го најави новиот живот, така и јајцето се крши кога од него излегува нов живот.Кога се кршиме со јајцата, ние всушност го означуваме и се потсетуваме на воскреснувањето на Исус Христос.За Велигден се вели дека е празник над празниците, ден кога Исус ја докажал својата божествена сила и моќ. Поканете го духовниот мир и полни со радост прославете го Христовото воскресение.
Во врска со тоа зошто се вапцуват јајца постојат повеќе преданија еве неколку од нив:Чувајќи го гробот на Христос ,чуварите јаделе печена кокошка ,еден од нив бил под постојан страв дека дека Христос можно е да оживи ,поради ова тој бил изложен на потсмев од другите. Во еден момент му рекле Христос ќе оживи кога кокошкава ќе снесе црвено јајце.Во тој момент тоа и се случило,а Христос се издигнал и полетал кон небото.
Според друга приказна вапцувањето се поврзува со легендата на Марија Магдалена .Таа дошла во Рим да проповеда Христово Евангелие и дошла до царотТиберај на когу му донела крошна со јајца.Царот не верувал во Христовото воскреснување и рекол тоа би било исто ,како беливе јајца во крошнава би ја смениле бојата .Марија Магдалена на тоа повторила дека „Христос Воскресна“и во тој момент сите јајца од крошната станале црвени.
Претходниот артикал,„ЦВЕТНИЦИ “ 
Следната статија„ ВЕЛИГДЕН„-ХРИСТОВО ВОСКРЕСЕНИЕ.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука