Тони Насковски-Бокс

0
1817

Тони Насковски-боксер, жител на  Населба Илинден .

Роден: во 1974 година во Скопје
Кариера: БК Водно, потоа Дел-Фуфо, репрезентација на Југославија и на Македонија
Успеси: петкратен шампион на Македонија, младински првак на Југославија, балкански и интерконтинентален првак на профи-рингот, учесник на аматерското СП во Берлин во 1995 година и на Европското првенство во Вејле во 1996 година. Повеќе од 120 борби, 19 порази.

– Уште како мал многу  темпераментно дете и сакав да се занимавам со некој спорт. Познатиот тренер Миле Смилевски, кој работеше со една група млади боксери, постојано беше во салата на училиштето „Христијан Тодоровски- Карпош“, во кое и јас учев. Така, гледајќи ги како секојдневно тренираат и кај мене се роди желба да почнам да се занимавам со бокс – вели Насковски.Кога кон крајот на 80-тите години од минатиот век, Тони Насковски првпат ги стави боксерските ракавици веќе не се раздели од рингот. Тренираше редовно и сакаше да им покаже на своите другарчиња колку е силен тој. И навистина беше така, уште од првите моменти стана јасно дека во ова црномуресто момче се кријат сите неопходни особини за да стане голем шампион. Тој беше брз, имаше силен удар, а што е многу битно беше храбар и не се плашеше.  Знаев дека Тони со својата настојчивост и волја брзо ќе се пробие меѓу најдобрите во својата конкуренција. Кога го гледав со каков ентузијазам тренира просто и јас се одушевував. Си мислев дека ова момче, ако продолжи вака, мора да успее – вели тренерот Миле Смилевски.
Тренерот имаше право, веќе на првите борби од младинското првенство на Македонија тој лесно ги совладуваше противниците и дојде до првата републичка титула. Овој успех му го отвори патот за настап на младинското првенство на Југославија во Панчево во 1992 година.
– Таму не се уплашив од фактот што конкуренцијата беше многу посилна. Одбоксував добро и дојдов до првата вредна титула, станав младински шампион на поранешната држава. Тоа беше нов стимул и мотив повеќе да продолжам со несмален интензитет да тренирам и да ги очекувам следните настапи – се сеќава Тони Насковски.
Од тие моменти, кога ја освои шампионската титула на последниот шампионат на државата, која почна да се распаѓа, почнува вистинската кариера на еден од нашите најдобри боксери. Тој сега имаше шанса да се бори на меѓународниот ринг, но во дресот на Македонија. -Едно од првите интервјуа на Тони Насковски.Тренирал во БК.„Водно“. Негови најголеми постигнувања во боксерската кариера се: шампион на Република Македонија од 1986 до 1997 година, шампион на Југославија во 1992 година, освоено трето место на меѓународен турнир во Чешка во 1995 година, освоено трето место на мини светското првенство во бокс – куп странџата во Софија во 1996 година. Во професионалниот бокс беше балкански шампион во 2001 и светски шампион на Интерконтиненталниот светски шампионат во 2002 година. Во својата богата боксерска кариера има победено неколку европски и светски шампиони како на пример: Серафим Тодоров, Арналдо Меса, Коба Гоголадзе, Димитар Штилјанов и други.  Во 2002 година во  профи-кариерата Тони Насковски се закити со титулата светски првак во суперлесна категорија, во верзијата на Светска боксерска мрежа (ВБН), откако го совлада “зборлестиот” Јаромир Адам од Чешка.Во кариерата на боксерот Тони Насковски имаше многу тешки мечеви. Но, тој на чудесен начин ги избегнуваше налетите на ривалите, па така стигна и до две шампионски титули на  профи рингот- балканската и интерконтиненталната. Во разговорот што беше обавен со него истакна дека е задоволен од тоа што го постигнал, а во иднина планира да отвори боксерска школа во Илинден.  Преку овие директни кажувања на Тони и  и неговиот тренер Смилевски  за почетокот  на богатата  боксерската кариера на Тони Насковски ,накратко Ве запознаваме со Тони ,наша боксрска легенда.

Претходниот артикал,Жарко Пешевски-Ракомет
Следната статијаЉупчо Кметовски-поранешен фудбалер,денес тренер

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука