Игра ,,Жмурка”

0
414

ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ,ИГРА: ЖМУРКА –КРИЕНКА(МИЖИТАНТАРА)
Оваа детска игра спаѓа во игрите од поблиското минато.
Правила: Личноста што „мижи-жмури“ е со затворени очи, честопати потпрена на дрво или на ѕид од зграда и брои гласно до 100 (или помалку – по договор). Останатите мора за тоа време да се скријат некаде во границите на дозволениот простор во кој се одвива играта. По завршувањето на броењето, оваа личност почнува да ги бара останатите. Победник е оној кој ќе го „освои“ основното место (најчесто мора да се допре или да се каже „пу“) од каде што почнала играта. Оној што ќе биде прв откриен, следниот круг „мижи-жмури“, освен ако не го спаси последниот скриен играч со допирање на местото, па оној што „мижел-жмурел“ да треба пак да „миже-жмури“ и следниот круг.Оваа игра не е сосема заборавена, баш во овој период се уште може да се види како се игра ,ама сепак не така масовно како порано.

Претходниот артикал,Игра ,,Долга магарица”
Следната статијаИгрите ,,ВИС” и ,,Сакате ли војна”

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука