*Правилата на играта ми ја прераскажаа Бошковска Ѓурѓа-73г.,Данчевска Мира-70г.и други.
И оваа игра за помладата генерацијаа ќе биде можеби неинтерсна и нејасна ,ама за повозрасните ,оние кои денес имаат околу, или повеќе од 50 години ,била многу прифатена во нивното детство, особено во зимскиот период.
Инаку оваа игра , претежно ја играле женските деца по куќните простории. Играта, како и сите други игри, имала натпреварувачки карактер. Започнувала со фрлањето на камчиња пред себе, внимавајќи при тоа, да не дојде до нивно растурање на поголем простор. Најпрво, се земало и фрлало во висина едно од камчињата, а потоа, додека тоа било во воздух, со истата рака се земало друго камче од земја, без да се поместат останатите камчиња, едно од четирите камчиња. Истовремено, додека земеното камче се ставало на друго место, со истата рака требало да се фати и внимава фрленото камче, кое се уште било во лет, да не падне на земја. Потоа, постапката се повторувала со две, со три и на крајот со четири камчиња. На крајот, по завршувањето на играта, камчињата се растураат, по што играта започнува од почеток. По растурањето на камчињата, играта продолжува со правење на тн. чепарок, односно, со соединување на палецот и показалец од раката во вид на триаголник и нејзино ставање на подот во собата. Потоа, со другата рака се зема едно камче и се фрла во воздух. Додека тоа не падне, истовремено, треба да се внимава, додека се турка едно од камчињата низ чепарокот на другата рака, со истата рака да се фати фрленото камче во воздухот пред тоа да падне на земја. На овој начин треба да се протуркаат и сите останати качиња. Играчот ја игра оваа игра се додека не погреши, а колку партии ќе изигра без грешка толку и поени (баби) ќе освои. Можни грешки биле доколку не се успеало да се фати камчето фрлено во воздух, или, пак, не можело да се земат онолку камчиња колку што биле потребни и, доколку не се успеало да се протурка камчето низ чепарокот. Победник бил играчот кој освоил највеќе поени, односно „баби“,како што биле од милост нарекувани поените. Обично, оваа игра, како што кажавме, највеќе ја играле девојчињата, но, се случувало, во неа да се вклучат и машките деца. За жал, денес, овие повеќедецениски игри, повеќе никој не ги игра во Населба Илинден и пошироко. Подоцна, овие игри биле заменти со играњето на други игри од поблиското минато кои во наредниот период ќе бидат објавувани.