Никола Богдановски-млад фармер

0
491

 Живее во Кадино-Илинден  потекнува од родот Богдановци има 22 години, а во неговиот двор  одгледува разни домашни животни речеси сите врсти  живина, а потоа и со покрупен добиток како што се кози и свињи..

Покрај личното ангажаирање околу нивниот узгој тој има голема подршка од семејството неговото братче Богдан само шест години како и  баба Лиле и дедо Спасо.

Љубовта кон животните ја стекнал уште како мало дете гледајќи како во нивниот род се одгледувало од секогаш разни домашни животни,тоа и било повод да се запише на ветерина и да се занимава со домашни животни.

Откако заврши  средно ветеринарно училиште тој и сам ги лекува животните, но доколку не знае тоа да го стори ги повиквуа матичните лекари.

Производите од живината и млекото,месото пред се се користат за нивни потреби , но останува нешто и за други кои сакаат чисти природни производи.

Како и секој почеток така и неговиот е тежок , започна со две кози, а сега ги имаме 22 две. Во иднина производството планира да го прошири и на одгледување телиња.

 Животните ги храни претежно со домашна поризведена храна која ја поризведува во нивните ниви од  петте хектари и претежно од нив користи за исхрана пченица,јачмен,пченка,  детелина и друго.

Дедо му пак Спаско како најстар во семејството по утринското кафе го намирува добитокот, а потоа заминува на нивите.

Никола покрај занивањето со домашните животни вработен е  работи во земјоделски магацин.

 Во кафулиња излегува, многу ретко, понекогаш наоѓа време и за дружба  со другарите, но повеќето од времете е околу фармата.

Задоволен од досегашниот одгледување на животните тој планира да го зголемам фондот на истите.

Како што кажува Никола тој никогаш  би го заменил селото ниту за градот ниту пак за стан и нешто слично, смета дека најубав е животот во куќа со дворно место .

Кога по неговиот пример би пошле многу млади прво би ја решиле својата егзистенција , ќе знајат што јадат и на крајот Македонија не би имала проблем со обезбедување на основните прехранбени продукти.

Насеба Илинден на Никола му посакува успешен развој на неговиот бизнис.

Претходниот артикал,ХУЛК Академија успешна на турнирот во Зрењанин-Србија
Следната статијаУчителски кадар во ОУ Гоце Делчев-1961г.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука