НА ДЕНЕШЕН ДЕН -22 Декември

0
58

*22  декември 1908.- Во Велес е роден Кочо Рацин, македонски поет и револуционер, еден од основоположниците на современата македонска литература. Во 1939 година во Загреб ја отпечати познатата стихозбирка “Бели мугри”, која претставува вреден израз на стремежите на македонскиот народ и дефинитивно утврдување на македонскиот јазик и афирмацијата на македонската национална култура. Загина во несреќен и нејасен случај во месноста Лопушник, во близина на партизанската печатница, Кичевско, на 13 јуни 1943 година.

*22  декември 1902.- Во Крушево е роден Васил Иљоски, академик, еден од најпознатите драмски писатели меѓу двете светски војни, книжевен научник, есеист и истакнат педагошки работник, автор на драмски дела кои се изведувани меѓу двете светски војни на македонски јазик. Меѓу неговите најзначајни дела се: “Бегалка”, “Ленче Кумановче”, “Чорбаџи Теодос”, “Чест”, “Кузман Капидан”, “Син и татко”, “Окрвавен камен”, “Свадба” и други. Од особено значење се и неговите трудови од областа на фолклорот, филологијата и литературата. Умре во Скопје, на 1 ноември 1995 година.

*22  декември 1943.- Се одржа прв конгрес на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија (НОМСМ). Одлуките на овој конгрес имаа за цел да ја засилат борбата против окупаторот, да се ангажира младината во создавањето на народната власт, да работи на културно-просветното поле и друго.

22  декември 1947.- Формирани се македонските градежни претпријатија „Маврово“ и „Бетон“

* 22 декември 1984.- Во Скопје, во составот на весникот „Вечер“ излезе првиот број на „Единство“, весник на Републичката конференција на Сојузот на резервните воени старешини на Македонија.

* 22 декември 1995г.– Македонија и Европската унија воспоставија дипломатски односи.

* 22 декември 1999 година во Софија Премиерите на Република Македонија и на Република Бугарија, Љубчо Георгиевски и Иван Костов,потпишаа Декларација за пријателство и соработка. Декларацијата требаше да биде “решение” за таканаречениот “јазичен спор”. Имено, за Софија, стандардно, Македонците се Бугари, а македонскиот го сметаат за дијалект на бугарскиот јазик…

* 22 декември 2018 Во Велес беше свечено  откриен споменикот на таткото на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк, во паркот на пријателството на Велес со Општина Каршијака, Република Турција. Споменикот го открија градоначалникот Аце Коцевски, членот на Советот на Општина Велес, Бесим Ахмедов и претставничката на Аташето за култура на Амбасадата на Република Турција во Република Македонија, Чилдем Ѓулу.

– Кемал Ататурк потекнува од селото Коџаџик, дебарско, не само што учел Воено училиште во Битола и затоа што е творец на модерна Турција туку затоа што е еден од главните ликови во модерната светска историја и цивилизација

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука