Вештачкото езеро „Градче“

0
52

 Ова прекрасно место се наоѓа само на околу 6 km северно од градот Кочани,а  во околината на езерото постојат над 30 природни извори на вода.

Езерото било изградено на местото на коешто Мала и Велика Река ја образуваат Кочанска Река во 1959 година, со цел водоснабдување на градот Кочани и во помала мера за наводнување на Кочанското Поле

Пред педесетина години на ова место се наоѓало селото Долно Градче, но тогашните власти со цел да го заштитат Кочани од постојаните поплави од надојдените води од Осоговијата решиле да изградат брана . Во близина на браната се наоѓа и археолошкиот локалитет „Долно Градиште“, за кој археолозите наведуваат дека градбите се  од времето на Пајонија и Македонија од времето на Филип Втори.

.Езерото Градче е создадено во 1959 година, по изградбата  браната висока 32 m, со која е преградена Кочанска Река. Езерото при максимално ниво е долго 1.2 km, широко 0.2 km, а должината на бреговата линија изнесува околу 3.5 км.

На западниот брег на езерото се наоѓа хотелот „Градче“,денес се вика Еуро Хотел Градче,кој има прекрасен поглед на езерото и на природата околу него, а близу хотелот, на самата брана на вештачкото езеро се наоѓа и стариот мотел со прекрасна тараса која е само неколку метри над нивото на водата.

Претходниот артикал,Македонка Тефчева со своето 7-Д
Следната статијаСвадба на Саше и Мирјана

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука