Белото езеро и едно од 27-те на Шар Планина. Се наоѓа во Брустовичкиот масив заедно со Црното и Боговињското Езеро. Ова е едно од најубавите шарски езера, кое има постојан водостој, без разлика на атмосферските талози. Се наоѓа на 2.280 m надморска висина има површина од 18.000 m².
Се наоѓа на карпест басен, кој е опколен со прекрасни пасишта.
Во езерото се вливаат неколку потоци и на самиот брег има многу извори, некои постојани, некои повремени. Водата е кристално чиста.








































