Битолчанката Сабиха,прва жена инжењер во Турција

0
34

Таа првата жена инженер во модерна Турција била  родена Битолчанка.

 Татко и на Сабина  бил воен офицер. Основно образование заврши во Бешикташ.

Потоа се запишала во средното женско училиште Нишанташи во 1925 година и продолжила во друго женско средно училиште во Истанбул до 1927 година.

За време на своето владеење Ататурк ги охрабрувал сите девојчиња на образование. Една од неговите желби беше жените да учат и градежништво.Со охрабрување од нејзиниот пријател и наставник по математика, Сабиха се пријавила на Факултетот за инженерство (ИТУ), кој таа година за првпат прифати студентки.

И покрај тоа што многу луѓе за време на студирањето ѝ велеа дека таа нема да може да го стори тоа и дека нема да може да биде инженер меѓу жените, таа не се откажа. Своето образование го заврши успешно.

Мавзолејот на таткото на Турција Ататурк е нејзино дело.

Бидејќи Сабиха знаеше да се натпреварува и  со мажите и  дека може да биде успешна како нив, дури и подобра од нив, тоа и се случи таа година кога беше назначена за главен инженер на јавните работи во Анкара.

Во 1933 година, таа и нејзината соученичка Мелек Ербул ги добија нивните дипломи и станаа првите турски инженерки. Тогаш  Ербул ја запрашала Сабина : „Што ќе правиме сега?“, а таа ладнокрвно на прашањето ѝ одговорила: „Ништо. Како и сите други, ќе го правиме истото што го прават и тие “…

На почетокот ѝ беше тешко, никој не можеше да поверува дека главниот инженер е жена. „

Во текот на својот образовен живот, таа не била заинтересирана само за инженерство. Голема љубов негуваше и спрема спортот, нарочито одбојката. Рамо до рамо се натпреваруваше и со машките одбојкари, приклучувајќи се на одбојкарскиот тим Фенербахче.

Претходниот артикал,Манастир св. Теодор – Граешница
Следната статијаДЕНЕС Е СВЕТСКИ ДЕН НА НАПУШТЕНИТЕ ЖИВОТНИ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука