-Република Македонија со својата површина од 25.713 km2, се наоѓа во централниот дел на Балканскиот Полуостров, помеѓу 40° 51’ 16’’ и 42°22’21’’ северна географска широчина и 20°27’32’’ и 23°02’12’’ источна географска должина.
-На север со гранична линија од 232 km се граничи со Република Србија и делот кон Косово. На исток должината на границата кон Република Бугарија изнесува 165 km, со Република Грција 262 km на југ и со Република Албанија – 191 km на запад.
-Македонија е претежно планинска земја, односно, околу 80% од територијата на Република Македонија се планински подрачја со 45 врвови над 2000 m.н.в.
-Највисок планински врв е Голем Кораб со височина од 2753 m.
-Рамничарскиот дел го сочинува околу 18 % од територијата, во која се наоѓаат 15 котлини, од кои најголем дел се лоцирани по долината на реката Вардар.
-Најголема котлина е Пелагонија чие рамниште зафаќа 1570 km2.
-Најниската точка во Република Македонија е на 44 m.н.в. и е лоцирана на просторот каде реката Вардар излегува од територијата на Република Македонија.
-Околу 2% од земјата е водна површина и тоа 35 големи и мали реки, три природни езера настанати по тектонски пат (Охридско, Преспанско и Дојранско езеро), околу 50 глацијални езера и голем број на вештачки езера.
-Разновидноста на релјефот и специфичната географска положба овозможуваат на територијата на Република Македонија да се дефинираат неколку климатски типови и тоа: умерено – континентална клима, планинска и изменето медитеранска клима.
-Територијата на Република Македонија се карактеризира со остри зими и долги и жешки лета со многу сончеви денови во текот на годината.








































