КАЛАТА – единствен остров во Источна Македонија

0
147

  

 Ова е единствениот остров во Источна Македонија и се наоѓа во атарот на селото Дулица, на само четири километри од Македонска Каменица

 Островот е локалитет на утврден рударски град, познат како Град на калајот (оттаму и името ‘Калата’)

Островот е со површина од 1,5 хектар, долг е 300, а широк 70 метри

 Во Калата  се топело калај и злато со загревање карпи со златоносни жици, кои со помош на длета биле вадени и претопувани.

Одбран бил за таа намена затоашто градот бил природно заштитен од реките Брегалница и нејзината притока Каменичка Река, а дел бил заштитен со дебели одбранбени ѕидови изѕдидани со малтер и вар. 

Покрај јавните порти, постоеле и тајни тунели за излегување и за влегување во градот, за негово тајно снабдување во кризни и воени времиња.

Во Градот на калајот млеко пристигнувало преку млековод долг десетина километри и направен од керамички ќунци. Квалитетното млеко што доаѓало од повисоките планински села на Осогово во Калата се преработувало во сирење, урда, кашкавал, кои потоа успешно се продавале на многу пазари.

Претходниот артикал,Свети Методиевото дрво во Охрид
Следната статијаПодземни тунели во Кратово

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука