НАЦИОНАЛЕН ПАРК МАВРОВО

0
103

Националниот парк Маврово   зазема простор од 73.088 хектари и најголем е меѓу трите паркови во Македонија.

Неговите граници се простираат на неколку планини Кораб, Дешат, Шар планина, Бистра и Крчин.Има 73.088 хектари. Во границите на паркот се среќаваат: речни долини, клисури, водопади, пештери, леднички езера. Прогласен е за национален парк во 1948 година.

Средишниот дел на националниот парк го зафаќа долината и сливот на реката Радика .

Во границите на паркот има речни долини,клисури,пештерата Шаркова Дупка ,водопади,  Мавровското вештачко езеро и Ски центарот Маврово  .

Карта на националниот парк Маврово

 Од вегетацијата на паркот најголема застапеност има заедницата од горска букова шума. Во границите на националниот парк Маврово се наоѓаат преку 52 планински врвови со надморска висина над 2000м од кои попознати се врвот Меденица на планината Бистра, Веливар, Сандакташ и др. Посебно значење за националниот парк Маврово има врвот Голем Кораб (2764 мнв.) кој е воедно и највисок врв во Р.Македонија а со тоа и највисока точка на паркот . Најниската точка на националниот парк Маврово е на 600 мнв. и се наоѓа на самото место каде што Мала Река се влева во реката Радика.

Флора и фауна

Националниот парк Маврово се одликува со извонредно флористичко богатство, коешто се состои од над 1000 видови виши растенија, од кои, 38 се дрвни видови, 35 грмушки а околу шеесетина се ендемични, реликтни или ретки видови. Националниот Парк Маврово претставува класично наоѓалиште за 7 растителни видови, единствено е наоѓалиште во Македонија за 12 ретки растителни видови а во границите на паркот се сретнуваат уште 33 видови растенија коишто се многу ретки во останатите делови на Македонија.Националниот парк Маврово е единствено наоѓалиште во републикава за 12 ретки растителни видови а во неговите граници се среќаваат уште 33 други видови на растенија кои се многу ретки во останатите делови од државава. Фауната на националниот парк Маврово исто така се одликува со значителна разноликост. Таа се состои од 140 видови птици, водоземци, 12 видови на влечуги и 38 видови цицачи. Од цицачите најважни се:мечката,рисот,дивокозата,дивата мачка и друго. 

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН-27 СЕПТЕМВРИ
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН-28 СЕПТЕМВРИ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука