Според кажувањата ,проклетството на оваа куќа со карактеристична градба во Црниче- Скопје ,произлегува од братска клетва.
Имено ,сопственици на куќата биле тројца богати браќа занаетлии , над Куќата имале голем засад на лозје од кое правеле одлично вино.
Причина за проклетството било кога еден од браќата во борбата против турците во Ниш бил смртно ранет и по неговта смрт побарал да биде погребан во семејната куќа .
Браќата не сакале да чујат за тоа и го оставиле да умре сам. Никој не знае ниту каде е закопан. Пред да умре фрлил клетва на браќата да им се уништи се’ во животот. Од тука почнува проклетството за нивниот имот..
Втората приказна е за семејството кое се доселило од Црна Гора. Семејството маж, жена и 3 деца биле богати. Едното дете починало паѓајќи од коњ, второто се удавило во бунарот, мајката се самоубила, а набрзо по неа и таткото.
Каква и да е приказната за ,,куќата на духовите,, во Црниче, долго време било дувло на наркомани и од неа се шири неподнослива миризба.