ПИОНЕРСКИ ДОМ КАРПОШ

0
46

На фасадата се уште стои „Пионерски дом Карпош„. Денеска е именувана „Детски културен центар Карпош„ , но исто така е позната и како „Бегова куќа„.

 Изградена во текот на 1907, а стилот е класицизам и најтрендовски, европски, за тоа време.

Куќата, е изградена  во духот на времето,а изградена била од семејството Драга.

Али Драга(член на семејството Драга) не живеел многу во куќата во Скопје, зашто набргу по вселувањето заминал на школување во Виена, Австрија, каде дипломирал право. Во Нови Пазар ја сретнал својата многу помлада сопруга и на стари години се враќа во Истанбул, Турција.
Последните зборови на Али Драга пред  биле:
-Јас немам ни рода ни порода, затоа ја оставам оваа зграда како мој аманет во ваши раце за да биде културен дом на сите деца на Скопје.

 Но, не било секогаш така. Семејството Драга се иселува од куќата во 1919 година, при крајот на Првата Светска војна, кога Кралството на СХС ја национализира и во првите години по првата световна војна му ја дава на користење на некој српски чиновник, како заслужен за ослободувањето на тогашна Вардарска Бановина

Во 1941 година, во неа се вселува германската команда , а кон крајот на истата година куќата и е предадена на бугарската полиција. Во 1945, во куќата се формира првата државна веледрогерија „Реплек”.

Годината 1946 по многу настани ќе остане забележана во развојот и активностите на пионерската организација и на нејзините членови во Скопје. Скопските пионери на 22 март, заедно со сите пионери од сите краишта на Југославија, ја прославија првата слободна пролет. 

 Групата од 120 пионери организираа марш – поход по врвиците на третата македонска народноослободителна ударна бригада.

Ја следеле маршутата на бригадата на Козјак и на самото место се запознаа со борбените дејства во кои загина народниот херој Христијан Тодоровски – Карпош.

По враќањето во Скопје, тие едногласно решија да продолжат да другаруваат и одлучија да формираат културно – уметничка група. Името на групата спонтано и со одушевување го избраа – „Карпош”,

 Инаку првите мали чекори, во своите големи кариери, во оваа институција ги направија:
диригентите Александар Лековски и Ванчо Чавдарски, вокалните солисти Ана Стаменковиќ Дурловска, Маја Грозданова-Панчева, Славка Младеновска, Сузана Спасовска и Елена Ристевска, режисерите Коле Англеовски и Слободан Унковски, како и актерите Зафир Хаџиманов и Дејан Лилиќ, примабалерината Натка Пенушлиска и Олга Милосављева, инструменталисти Симон Трпчески, Стојан Димов, Горан Алачки, Јове Кекеновски, Милан Зафков, Стевче Стојковски, Зоран Марковски, Мартин Вучиќ, композиторите Љупчо Трајковски-Фис и Томислав Таневски и други



Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН 27 ЈАНУАРИ
Следната статијаСвети Сава

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука