Рајна Алексова прва аптекарка на Балканот

0
81

Рајна Алексова прва аптекарка на Балканот и првата аптека во Битола

Родена 1882 -1959 во Битола. По завршувањето на француската гимназија во Солун, таа помогната од својот постар брат Ристо Алексов, кој бил трговец и сопственик на првата аптека на ,,Широк сокак,, во Битола, заминала со воз за Швајцарија каде во 1902 година се запишала на Фармацевскиот факултет во Дипломирала четири години потоа, во 1906 во Лозана, и станала првата Македонка дипломирана фармацевтка, воедно и прва жена фармацевтка на Балканот.Таа со гордост се преставувала дека е Македонка. Во нејзината диплома издадена во 1906 г. од швајцарските универзитетски власти на француски јазик стои запишано дека Рајна Алексова по националност е Македонка.

Веднаш по дипломирањето Рајна Алексова сакала да отвори сопствена апотека. Меѓутоа, таа се судрила со тогашните турски закони кои не дозволувале жените да обавуваат апотекарска професија. Сепак, Рајна не се откажувала. Таа пратила писмо до Цариград и барала,за добро на народот во Битола да ѝ се овозможи да отвори сопствена аптека.

Со промените по Младотурската револуција, Рајна Алексова добила дозвола да работи како аптекарка од1909 г., таа веќе работи во апотеката кај својот брат трговецот Ристо Алексов.

По Првата светска војна, во 1919 год. била испратена комисија од тогашното Министерство за народно здравје на Кралството на СХС за да ги провери условите за работа во сите аптеки. Најпрво ја посетила аптеката на Рајна Алексова, која била најпопуларна во градот. И покрај тоа што најдобро работела во Битола, аптеката на Македонката Рајна Алексова била парично казнета со 30 динари

Комисијата побарала Рајна да ја достави својата оригинална диплома за завршен факултет, која, пак, бугарскиот окупатор при повлекувањето од Битола ја однел со другата архива во Бугарија. Рајна добила дупликат диплома од факултетот во Лозана, која била судски заверена како верна на оригиналот, на 14.12.1919 година. И, така, Рајна ја продолжила својатаработа во аптеката до своето пензионирање во 1944 година,а аптеката била национлизирана и станала државна

Рајна Алексова починала од насилна смрт на 23 февруари 1959 година во Битола. Луѓето што тогаш кај неа живееле како потстанари, ја задушиле и со себе однеле пари и сѐ што било вредно во нејзината голема семејна куќа. (извор:Нова Македонија 1 -12-2018)

Претходниот артикал,Свадба на Боре и Соња Велиновски
Следната статијаСемејството на Миле Најдовски-Кадино

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука