Фреска на Св. Архангел Михаил

0
22

…. Фреска на Св. Архангел Михаил во истоимената пештерна црква во село Радожда, Струшко сликана е кон крајот на 13 век. Фреската е со претстава на сцена од циклусот на Архангел Михаил – “Чудото во Хона”. Архангел Михаил е претставен во местото Хона, неговото светилиште како отвора низ карпите цепнатина во која ќе се изгубат матните води на паганите упатени кон исцелителниот извор на светецот. Оваа ретка сцена од Радожда се вбројува меѓу најстарите претстави на “Чудото во Хона” во ѕидното сликарство на целокупната христијанска уметност.

Претходниот артикал,Песна за секое дете
Следната статијаВаса Ѓорѓиевска со внуката Лиле

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука