*Постираната фотографија на шарпланинецот ја симболизира тешката борба што ја имал против волци во одбрана на стадото, за што добива благодарница од овцата за успешната одбрана.
Шарпланинец е овчарска
раса на кучe. Именуван е по планината Шара. Телото му е тешко помеѓу 55 и 70
кг. Високо е околу 75 цм, а градниот обем му изнесува 120 цм. Се карактеризира
со добродушност, лојалност кон својот сопственик, дисциплинираност,
брзина и адаптивност. Покажува голема приврзаност и трпение кон децата.
Според историските податоци се смета дека претците на шарпланинецот потекнуваат од Тибет, на падините на Хималаите. Од оваа географска територија, кучињата тргнале во бескрајно патување следејќи ги своите господари. Шарпланинецот стигнал на Балканот со војската на Александар Македонски каде и се задржал, а името го добил по планината каде што највеќе е одгледуван.
Шарпланинецот прв пат е изложен е во
Љубљана во 1926 година, а во 1939 година е запишан под реден број 41 во
списокот на Меѓународниот кинолошки сојуз (FCI), која ги регистрира сите раси
на кучиња.
Шарпланинецот се прилагодил кон суровите
услови на македонските планини, во кои живее со векови. Македонската гордост,
„Шарпланинецот” е надалеку познат по неговата убавина, лојалност и
борбеност, а најдобар доказ дека ги оправдува овие епитети е подзаборавеното
видео на кое овој пес е прикажан во неговата исконска улога – одбрана на
стадата овци кои се чувале и се уште се чуваат на Шар Планина.