Месец Февруари се смета како меѓник помеѓу зимата и летото истиот еден од најстудените денови во годината.
Во тие студени денови покрај другите проблеми мразот им нанесувал многу штета во сточарството (измрзнувале јагниња и друго.)
Народот со душа ја чекал баба Марта за да се ослободи од јаките мразеви-студови.
Така првите денови од Март некоја баба мислејќи дека студот заминал со месецот Февруар –Сечко,ги истерала козите и јарињата од бачилото ги отерала во планина изговарајќи многу навредливи зборови за Февруари-Сечко.
Февруари-Сечко, налутен од тие навредливи зборови ја замолил сестраму Марта да му позајми 3 дена да и се освети на бабата што го навредила.
Во скопско се раскажува дека сестра Марта на братот Сечко наместо 3 дена му дала 9 дена од своите денови.
Во првите 3 дена Сечко толку и се налутил на бабата пуштил студови и мразови и ја замрзнал бабата со се стадо.
Овие 9 дена што му ги позајмила Марта на Сечко се викаат „зајамници“
Првите 3 дена се споредуваат со најстарите 3 баби во селото и според временските услови(лоши или добри) ја определувал која од бабите е добра или лоша.
Се верува дека со поминување на 9- те дена на бабите заминува и лошото време во месец Март.