Вардар замрзнал во 1833 година.

0
377

Оваа година снег не ни видовме,а во минатите години го имаше во многу мали количини.

А, кого и да прашате од повозрасните скопјани, веднаш ќе ви рече: порано немаше зима без снег до колена, а не како денес.

Како се враќаме назад во историјата, според податоците и записите, заклучуваме дека Скопје навистина имало кочан зими. Такви податоци има за времето пред Втората светска војна, но и за одделни периоди во 19 век. Ако се враќаме уште поназад, имаме илузија како зимите да се уште посурови.  Според повеќето согледувања, Вардар спаѓа во брзите реки. Само во летните сушни периоди можел да се прегази, особено кај селата Лисиче и Зелениково, но и на други места. Затоа, дејствува помалку неверојатно еден куриозитетен податок, дека во една скопска зима реката Вардар – замрзнала. Тоа се случило во 1833 година.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН 13 МАРТ
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН 14 МАРТ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука