*14 март 2001г. во 11:42 часот во Тетово, веќе беа почнати пукотниците со кој беше обележан почетокот на воениот конфликт во Македонија. Демонстрациите на градскиот плоштад од страна на албанското население, прераснаа во масовни протести со излив на непримерни скандирања. Првите пукотници од Калето, беа дочекани со овации, извици на воодушевување и одобрување од толпата народ на плоштадот.

. *14 март 1873 година во градчето Гумендже,роден е Михаил Чаков е револуционер на ВМОРО.Во 1897 година е привлечен во редовите на ВМОРО
од Даме Груев и Пере Тошев.Станува четник во четата на Михаил Апостолов –
Попето, со кој ги обиколува Воденско и Енеџивардарско, по што станува самостоен
војвода.
Во летото 1900
година четата му составена од 5-6 луѓе го обиколува регионот на Поројско, јужно
од Петрич.На 18 август поминува и низ селата Горни и Долни Порој. Чаков
учествува во битката крај село Баница , Серско, во која загинува апостолот на
слободата Гоце Делчев, но тој ја опишува трагичната случка во спомените како да
е очевидец. За време на Илиденско-преображенското востание неговата чета ,
заедно со четите на Јане Сандански, Јордан Стојанов и Стојан Млчанков со 160
луѓе водат битка против турската војска која е со 600 души.Турците имаа многу
жртви, додека востаниците имаат само тројца загинати. По задушувањето на
востанието тој е војвода во Кумановско (1905), одново во Серско (1906) и
Велешко (1907-1908).На 23 април 1906 година Михаил Чаков заедно со Атанас
Спасов се враќат во Баница и ги ископуваат коските на Гоце Делчев, каде ги
оставаат скриени под светиот престол на црквата. По Младотурската револуција во 1908 година се
легализира и се враќа во родниот си град Гумендже.На 10 јуни 1909 година е
уапсен и затворен во Солун.
Во 1912 година учествува во Балканската војна
како војвода на чета № 11 на Македоно-одринското ополчение.
Учесник е и во првата светска војна. Михаил
Чаков починува на 17 септември 1938 г.

*14 март 1943г.во Скопје роден е Коле Ангеловски ,истакнат македонски театарски и филмски актер, театарски и филмски режисер и сценарист, како и писател и раскажувач. Животниот и творечки опус на Коле Ангеловски е разновиден, динамичен и многу плоден. Ангеловски е режисер на повеќе драми, серии, документарци и филмови за македонските театарски куќи, телевизиски станици од кои најмногу за МРТВ. Тој е уште познат и како писател, драматург, публицист и културен работник. За својот сестран творечки опус на полето на културното живеење во Македонија, добитник е на многубројни награди меѓу кои и Наградата за Животно дело “11 Октомври”
*14 март 1944.- Иницијативниот одбор на АСНОМ упати писмо до НО одбори во Македонија во кое ја изнесува одлуката на Второто заседание на АВНОЈ, со која Македонија е призната за рамноправна федерална единица. Потоа, ја објаснува постапката за избирање легални и нелегални, општински, околиски и окружни НО одбори и делегати за Првото заседание на АСНОМ.
*14 март 1996.- Република Македонија и Република Литванија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.

*14 март 2012.- На 84 години умре македонскиот историограф д-р Орде Иваноски. Основно училиште завршил во родниот град, средно во Загреб, а Филозофски факултет – група историја, во Скопје. Докторирал во 1965 година. Во Институтот за национална историја се вработува во 1955 година и таму останува до пензионирањето, минувајќи ги сите научни звања и учествувајќи во пишувањето на првата Историја на македонскиот народ, како и во голем број институтски и општествени макропроекти и научни средби во земјата и во странство. Во периодот 1975-1978 година тој ја врши функцијата директор на Институтот. Неговиот интерес како научен работник главно е свртен кон македонското национално прашање и кон социјалистичкото и работничкото движење во Македонија и на Балканот. Тој важеше за добар познавач на животот и делото на Димо Хаџи Димов. За својата научна и општествена дејност, одликуван е со орденот Заслуги за народ со сребрена ѕвезда и со Орден на трудот со црвено знаме. Добитник е на наградите „13 Ноември“ и „Гоце Делчев“. Иваноски е роден во Прилеп, 1928 година.









































