Играта ,,Трљај уши”

0
275

Извадок од Монографијата за Населба Илинден .
Текстот и за оваа детска игра од подалечнното минато е направен според кажувањата на:(Симо Ангеловски-75г.),Драган Насковски-72г.,Трипун Велковски-80г. и други.
Оваа игра пред се ја играле децата напасувајќи го добитокот ,а како основен и единствен прибор за играта бил стапот ,кој неизоставно морало да го има секое дете.
Преку оваа игра се утврдувала прецизноста на играчите. Имено, најпрво со удирање со стап се правело лежиште, односно дупка во земјата, не пошироко од дебелината на стапот. Значењето на играта се состоело во тоа оформената трага во земјата, и покрај удирањето со стап во неа, да не се прошири и деформира,лево или десно од направената трага-лежиштето„да не се направат уши“. Доколку некој и за малку ја проширил вдлабнатината, односно дупката, се сметало дека направил „уши на лежиштето“. Во тој случај, на играчот што направил „уши“, му ги тиеле, ушите сите останати играчи .

Претходниот артикал,Играта ,,Ложана”
Следната статијаИграта ,,Петкамица”

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука