Марио Антевски-фудбал

0
255
Марио Антевски –фудбалер
Роден на о4-09-1998г.во Скопје ,живее во Бујковци –Илинден .
Основно училиште заврши во ООУ „Браќа Миладиновци“во Миладиновци –Илинден,а средно училиште заврши во Владо Тасевски -Скопје.
Марио уште од најмала возраст особен интерес пројавуваше за фудбал и со неполни 6 годишна возраст започна да тренира фудбал во фудбалската школа Илинден .
По само една година поминати во ФК Илинден преминува во пионерската школа на ФК Металург,каде се задржува се до неговата 15 годишна возраст. Со своите игри беше забележан од фудбалските стручњаци на ФК Скопје и беше повикан и стана член на истоименуваниот клуб.По само две години поминати со младинската екипа на ФК Скопје,неговите квалитети беа забележани од фудбалскиот тренер Љупчо Марковски-Калц и Марио беше прекомандуван во првиот тим на ФК Скопје ,така што неговото деби беше на негова 17 годишна возраст на натпреварот против ФК Турново.
Марио навален играч со настапи на повеќе позиции ,а негова специјалност се силните и прецизни слободни удари.
Како и сите млади фудбалери ,така и Марио има желба еден ден да заигра во некој афирмиран европски фудбалски тим.
Населба Илинден на Марио му посакува успех во фудбалската кариера.

 

Претходниот артикал,Саво Ваневски-фудбал
Следната статијаДени Ангелковски-фудбал

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука