Родена е на 17 декември 2005 година ,живее во населба Илинден ,каде го заврши и основното образование .
Денес ученичка во средно фискултурно училиште ,смер ракометна академија во Скопје.

Со ракомет започна да се занимава од својата 14- на возраст во РК Кузман Вардар,предводен од тренер Александра Кузмановска.
Во изминатиот период како членка на РК Кузман-Вардар,Нина иззрасна во врвен стрелец, каде со постигнатите 124 гола се пласира на 7-то место на листата на најдобри стрелци во минатата сезона.

Како една од подобрите поединци и беше доверена довербата да биде и капитен на екипата.
Нејзината упорност и посветеност кон ракометот на Нина и се отворија вратите на РК Вардар каде од идната сезона ќе настапува.
Како на една од најдобрите стрелци во единствената женска конкуренција во Македонија, Нина Милевска, во следната сезона ќе го носи дресот на Вардар.
Левиот бек од Кузман Вардар во изминатата сезона беше меѓу најдобрите стрелци во Женската лига, постигна 125 погодоци на 20 одиграни натпревари и со својот голем потенцијал го привлече вниманието на неколку поквалитетни клубови.

Милевска реши да ја прифати понудата на „црвено-црните“ за поголем напредок во нејзината кариера и играње поквалитетни натпревари.
Населба Илинден на Нина и посакува успешна ракометна кариера.