НА ДЕНЕШЕН ДЕН 24 MAJ

0
68

*24 мај ,Ден на солунските браќа Кирил и Методиј. Православната црква во 11. век, во чест на солунските браќа Кирил и Методиј одлучи 24 Мај да се прославува, како Ден на солунските браќа Кирил и Методиј, сесловенски просветители. Македонија со посебен пиетет го празнува овој ден, во знак на признание за се она што го направија солунските браќа за самобитниот развиток на македонската култура.

24 мај 1903 г. Коста Мазнејков- македонскиот револуционер. загинал херојски во неговата последна битка кај селото Ињево, со целата чета од 15 души во Радовишко. Роден е во Струмица, во 1882 година. Учителствувал во повеќе села. Во 1899 отишол во Бугарија, каде извршувал терористички задачи по наредба на Борис Сарафов, а се вратил во 1901 година. Истата година, прво е секретар во четата на Иван Савов а после бил назначен за реонски војвода во Радовишко. Со својата чета имал повеќе борби против турскиот аскер.

*24 мај 1949г.Македонците од егејскиот дел на Македонија доживееја невиден терор од страна грчките монарховисти. Преку 3500 Македонци и Македонки, за малку денови станаа жртви на тој крвав терор. Мали деца, жени, старци и баби се фрлени во занданите и затворите каде што се подложени на нечовечки мачења… Во Хрупишта, во селата Изглибе и Желин, ги убиваат без да ги сметаат Македонците по улиците… Ги горат заедно со нивните куќи малите деца, жени и старци. Истото нешто го извршија и во с. Жупаништа-Костурско каде што ги отепаа и ги исекоа на парчиња двете сестри Златка и Депа и Иљо Пендовски. Во село Нестрам се извршија масовни апсења, а над 800 Македонци(ки), се фрлени во притвор.Леринските затвори се наполнија со демократски граѓани. Истото се врши и во Воден, Ениџе Вардар, Гуменџе и насекаде.

*24 мај,1954.- Во Скопје, на сцената на скопската опера е изведена првата македонска национална опера „Гоце“, од македонскиот композитор Кирил Македонски

* 24 мај 1984 година Mлада вардарова генерација во сезоната 1983/84г направи голем успех во тогашна Југославија.Таа сезона оваа генерација дојде   до првиот трофеј во младинскиот Куп со триумфот од 3-2 против ФК Војводина. Мечот од  финалето се одиграл на стадионот на Црвена  Звезда во Белград Кој друг ако не  Дарко Панчев го донесе триунфот со два гола во 22-та и 67-та минута од мечот, а   еднаш стрелаше и   Љупчо Марковски во 25 минута.

*24 мај,1996.- Во Штип е поставен камен-темелникот на црквата „Свети Кирил и Методиј

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН -23 MAJ
Следната статијаДушко Митровиќ-Тифи,поранешен фудбалер

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука